Вчераутро во СВР Куманово бил приведен Ј.Х. (36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово – граничен премин Табановце, полициски службеници забележале запрено комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти. Во него биле пронајдени 45 лица-мигранти (42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан), а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.