Едно лице е приведено во полициска станица во врска со вооружениот грабеж на флијала на Уни бнака во Крушево.

Како што информираат од МВР, станува збор за 51-годишниот Т.С. од Крушево, во чиј дом, по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп бил извршен претрес.

Како што неофицијално дознава „Сител“, се уште не се пронајдени украдените пари, чијшто износ според првичните информации изнесува околу 25.000 евра во денарски апоени. Од телевзијата неофицијално објавуват дека е пронајден дел од облеката на осомниченото лице во која тој бил облечен додека го вршел грабежот, но и тоа треба дополнително да се испита и да се потврди од страна на органите.

Грабежот се случи вчера, околу 16 часот, кога непознато лице со закана со пиштол одзело пари од вработените во експозитурата. При грабежот тројца вработени биле принудени од ограбувачот да го отворат сефот со пари.

Во врска со грабежотод банката излегоа со соопштение за јавноста и своите клиенти дека во овој немил настан, нема повредени и вработените се безбедни и во добра состојба. Банката соработувала со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително – известуваат од УНИБанка АД Скопје.

Банката превзема дополнителни мерки за зголемување на нивото на сигурност во сите свои експозитури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.