Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба, како и за кривично дело – Тешка кражба (во обид).
Обвинетиот на 1 април, на паркинг во Градскиот парк во Скопје, со употреба на тврд предмет насилно го скршил стаклото од задната лева врата на автомобил Ауди А6 при што одзел актовка, лап-топ компјутер, надворешен хард диск, кожно палто, шушкавец, пасош и други предмети во вкупна вредност од 100.000 денари.
На 7 октомври, на булеварот „ВМРО“, на сличен начин насилно го скршил задното лево стакло од паркиран автомобил Хјундаи, со намера да одземе туѓи подвижни предмети, но во тој момент се појавиле случајни минувачи, па обвинетиот не ја реализирал намерата.
На обвинетиот по лишувањето од слобода, му беше определена мерка притвор во траење од 8 дена, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на притворската мерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.