Во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се објави пресуда на за случајот „Тортура”. Како првообвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шест припадници на полициската единицата „Алфи”.

Според обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, првообвинетиот Сашо Мијалков како службено лице, директор на УБК, поради дискриминација врз основа на политичка определба, ги навел обвинетите да ги преземат дејствијата на извршување што се наведени во диспозитивот на обвинението и воедно за таквото негово дејствие е обвинет дека сторил кривично дело мачење и друго сурово, нечовечно и сурово постапување и казнување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.