Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.М. (25) од Гостивар, Ј.З. (27) од село Долна Бањица и А.М. (27) од село Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 02.10.2018 година во село Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Опел Тигра“ во кое се наоѓале пријавените. Возилото не застанало, продолжило со движење, при што од него фрлиле кеса со марихуана.
По преземени мерки, пријавените биле лишени од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.