Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Р. (20) од село Калишта, струшко и П.И. (24) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 16.03.2018 година во село Калишта, при преглед над второпријавениот полициски службеници пронашле и одзеле марихуама, која што претходно ја купил од првопријавениот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.