Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба по целосно документирање ќе поднесе кривична пријава против лицата Д.Р. (18) и А.М. (18) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела „разбојништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ.

Пријавените, кривичните дела ги извршиле во месец декември годинава, врз такси возачи од различни такси компании, на идентичен начин, односно се качувале во такси возила барале да се превезат до село Брњарци,скопско и во сите случаи со закана со нож од такси возачите барале пари.

По преземени мерки и активности, дојдено е до сознание дека извршители на кривичните дела се пријавените лица. По преземени мерки двете лица се лишени од слобода. Со наредба од Основен суд Скопје I Скопје извршени се два претреси во Скопје.

Завчера во Полициска станица Гази Баба во присуство на Јавен Обвинител од страна на оштетените извршено е препознавање на пријавените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.