Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.А. (37) и А.А. (45), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Во текот на јуни 2019 пријавените неколку пати ја загрозиле сигурноста на А.Р., од село Велешта, струшко, вработена како раководител на одделение за управување со градежно земјиште и недвижен имот во општина Струга, со тоа што и упатувале закани во врска со донесено решение за одбивање на нивно барање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.