Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ц.М. (19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

Истиот сектор поднел кривична пријава против 17 годишно лице од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.

При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.