Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Р. (42), С.Р. (48), Н.Р. (49), Ј.Р. (30), Х.Р. (19), Ш.Р. (22), против 16-годишeн малолетник, сите од струшкото с.Октиси, како и против Д.Х. (45), Х.Б. (49), Ш.Х. (28) и Д.Х. (25), сите од с. Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
Х.Б. се товари и за сторено кривично дело „спречување на докажување“.
На 17.08.2019 пријавените учествувале во физичка пресметка на бензиска пумпа во с. Велешта. По настанот, пријавениот Б.Х. извршил отстранување и сокривање на компјутерскиот хард диск со видео записот од безбедносните камери, поставени на бензиската станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.