Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово, потврдуваат од Јавното обвинителство на РМ.

Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување. Оттаму додаваат дека обвинителството ќе преземе дејствија во насока на проверка на наводите од кривичната пријава.

СВР Куманово ја поднесе крвичната пријава до Обвинителството по член 206 од Кривичен законик за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.