Тетовец доби кривична пријава поради дивоградба во населбата Елен Камен во струшко Калишта.

Како што информираат од ОВР Струга, поднесета кривична пријава е против Б.Р. (38) од тетовското село Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Б.Р во текот на 2019 година, како сопственик на локација во населбата „Елен Камен“, атар на струшкото село Калишта, без соодветно одобрение и спротивно на основниот проект, почнал со изградба на викенд куќа – се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.