СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Ц. (35) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Минатиот месец на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во куќата, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, таблети екстази, дигитална вага со остатоци од кокаин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.