СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од село Ораовица, радовишко и Ј.В.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.
Во текот на 2015 година првопријавениот, како директор на Шумското стопанство „Плачковица“ – Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издале одобрение за сеча на правно лице од Куманово.
Исто така, третопријавениот, како референт за сеча и превоз во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издал испратници за транспорт на дрвна маса на правното лицето од Куманово, кое не било регистрирано во регистерот за правни лица кои вршат промет со дрва и дрвни сортименти.
Со ова, пријавените му овозможиле на сопственикот на правното лице од Куманово да се стекне со противправна имотна корист од 4.609.482 денари на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.