Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава Л.К.(59) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 21.08.2019 околу 14 часот, на подрачје на Кратово, на место викано „Лискавица“, во помошна просторија од куќа сопственост на пријавената, настанал пожар кој бил предизвикан од запалено и оставено ќумбе без надзор.
Пожарот се проширил и зафатил поголема површина сува трева и огревни дрва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.