Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против И.Ч. (40), од Гостивар, за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста“.

На 09.12.2018 година пријавениот, поради настан од 2012 година во кој над истиот биле преземени службени дејствија од страна на полициски службеник од Полициска станица Гостивар, преку телефонски пораки и на социјалната мрежа “Facebook”, упатил закани по животот на полицискиот службеник и животот на членовите на неговото семејство, а потоа на 13.12.2018 година на социјалната мрежа “Facebook”, пријавениот објавил слика од оштетениот, во прилог на која навел коментар со заканувачка содржина кон истиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.