СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 16.11.2018 година во Охрид, ученик во ОЕМУЦ на друг ученик му дал да конзумира рачно изработена цигара, која претходно ја набавил од пријавениот.

По ова, двајцата се вратиле на настава, по што на ученикот што ја конзумирал дрогата му се слошило и била побарана лекарска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.