Против 59-годишна жителка на скопско село, позитивна на ковид-19, која вчера околу 13 часот самоволно го напуштила гостиварското Инфективно одделение, излегувајќи преку прозорецот, ќе добие соодветна кривична пријава, велат од МВР.

Набргу потоа, таа била пронајдена и вратена на натамошно лекување. Се расчистува и документира случајот и против неа ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.