СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.З. (24) од село Радишани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и „загрозување на сигурноста’’.

На 20.11.2018 година на социјалната мрежа „Facebook’’ пријавениот креирал лажен профил со име на девојка од Тетово на кој објавил фотографии со недолична и компромитирачка содржина.

Потоа, пријавениот, преку телефон, на девојката и испраќал пораки со закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.