Три лица ќе се соочат со кривична пријава за ,неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(38) и Х.М.(19), двајцата од село Банско и против М.Т.(27) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 30.04.2019 на регионалниот пат Струмица – село Куклиш, пред село Банско, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, кои биле во патничко возило „форд фиеста“, при што пронашле и одзеле марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.