СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Б.(31) од с.Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.
На 01.07.2020 пред угостителски објект во с.Мала Речица, тетовско, настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и М.Ш.(40) од Тетово, по што пријавениот земал автоматска пушка и пред домот на М.Ш. на ул.„Илинденска“ во Тетово испукал неколку куршуми кон него и го погодил во пределот на потколеницата. По преземени мерки од страна на полициски службеници на 22.07.2020 пријавениот бил пронајден и лишен од слобода и му била одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.