Во Полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан 35-годишниот Н.С. од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори, односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори.
Како што информира преку соопштение, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, известено е Основното јавно обвинителство во Делчево и по насоки од јавен обвинител извршен е разговор со повеќе лица.
Паричните средства во висина од 3.000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.
Директор на ЈКП Бошава Инспекторка во УЈП и носител на листа на СДСМ не почитуваат молк во Демир Капија. Снимката е направена во Село Корешница, Демир Капија. Се врши масовен поткуп! pic.twitter.com/kUxlD7AFTt
— Charles Boycott (@JohnnyParka) October 16, 2021
Ова е втор случај на поткуп на гласачи во источниот регион, на територија на СВР-Штип. Првиот беше во општината Лозово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.