Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО ГОКК- Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници поднесе кривична пријава против В.С. , полициски службеник вработен во ПС Центар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“ по член 143 од КЗ.

Пријавениот полициски службеник на 28/29. 11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.

Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело. Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.