Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(71) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, лекар – специјалист, не поднел пријава за заболување од заразна болест до надлежната Јавна здравствена установа – Центар за јавно здравје Куманово – Подрачна единица Крива Паланка во врска со настан – труење со храна од 19.10.2020, соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.