Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава против инспекторот во СВР Тетово кој испука куршум во канцеларија додека го чистел пиштолот, соопшти МВР.
Против Ш.С. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Пријавениот, на 02 јуни, во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден.
Од страна на одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на полицаецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.