Mинистерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против колумнистот Бранко Тричковски бидејќи „ширел навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија“.

Од МВР го посочуваат неговиот статус на Фејсбук од 13 април во кој Тричковски пишува за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој илустрира ситуација во која тој би бил мртов.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста, предвидено и казниво по чл. 144 ст. 4 и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, предвидено и казниво по чл. 394-г од КЗ. Имено, пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.4.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија“, соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.