СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Нефи Усени (45) и неговиот 48-годишен брат И.У. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.
По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа извршиле претрес во нивните домови. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Охридската полиција констатирала дека во нападот врз Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, бил употребен пиштол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.