Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Б. од тетовска Голема Речица и неговиот брат, 40-годишниот Л.Б. од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ).

А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово.

Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.