Рано утринава, околу 1 часот по полноќ, на излезот од Стар Дојран, полицијата во товарно возило пронашла 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш).
Откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР,.
Од полицијата информираат дека нема повредени, а увид извршила увидна екипа од Гевгелија.
Мигрантите се предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до прифатно-транзитен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.