Албанската полиција уапси 53 – годишен жител Џ.Б. на градот Прењас кој во соработка со други лица преку зелениот граничен појас пренесувале украдени автомобили од Република Македонија во Албанија.
На уапсениот Џ.Б. во тоа му помагал А.Р., жител на Струга, по кого се трага, како и неколку други лица.
Истрагата покажа дека Џ.Б.(53) од Прењас и А.Р. жител на Струга, Македонија, во соработка со други лица шверцувале украдени возила, од Македонија во Албанија, надвор од граничните премини,преку зелениот појас на македонско-албанската граница, стои во полициското соопштение.
Во него се додава дека за време на акцијата, како доказен материјал, запленето е возило марка „фолксфаген пасат“ со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонски државјанин.
Возилото било украдено во Македонија, а потоа нелегално префрлено во Албанија.
Во тек е идентифкацијата и апсење на други лица вклучени во оваа криминална активност, како и заплена на неколку возила кои оваа група ги украла на македонска а потоа ги пренесла на албанска територија.Во интерес на истргата не се наведуваат други детали, соопштува полицијата.
Случајот е под надлежност на Обвинителството и судот во Елбасан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.