Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР – Охрид, синоќа во 23 часот и 20 минути на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача сопрен е патнички автомобил, управуван од 53-годишниот С.Л. од Струга кој бил натоварен со дрога.

При проверка на возилото во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници.

Во врска со случајот приведен е и С.И. (31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.