На место викано „Лапуф“, атар на село Теарце, во близина на железничката пруга полицијата пронашла над 200 стебла канабис.
Денеска во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, по преземени мерки и активности на место викано „Лапуф“, атар на село Теарце, во близина на железничката пруга, пронајдени се над 200 стебла канабис – информираат од МВР.
За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.