Приведени се две лица од Кочани, М.К. (24) и Џ.К. (19), поради извршување кражба.
М.К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид, затоа што на 20 април од жена одзел паричник, а на 22 април се обидел од оштетената да одземе мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ.К., пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка.
Полициски службеници по добиена судска наредба извршиле претрес во домот на М.К. при што бил пронајден украдениот паричник. Покрај тоа, М.К. по добиена судска наредба бил спроведен во Затвор за издржување затворска казна – информираат од МВР.
По комплетирање на случаите ќе следи соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.