Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство – Скопје против тројца малолетници од Скопје (на возраст од 15, 16 и 17 години) поради основано сомнение за извршени кривични дела разбојништва и дрски кражби во централното градско подрачје.
Осомничените со сериозна закана, употреба на физичка сила и нож врз малолетници во вечерните часови во периодот од 18.00 до 21.00 часот одземале пари, мобилни телефони, часовници и друго. Во извршениот разговор, осомничените ги признале делата и го појасниле начинот на извршување.
По насока на Јавен обвинител, извршено е и препознавање од страна на десетина оштетени лица, кои ги препознале малолетниците како сторители на кривичните дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.