За еден и пол месец малолетници во југоистокот на државата извршиле 27 кривични дела што е драстично зголемување во споредба со лани истиот период, кога биле пријавени само четири такви кривични дела.
Како што информираат од СВР Струмица, крадците најчесто оперирале во Струмица, Богданци и Гевгелија, каде што од возрасни лица краделе пари и вредни предмети. Освен разбојништвата и тешки кражби на дрзок начин извршиле и неколку други кривични дела, меѓу кои и кражба на возила.
На 12 овој месец полицијата соопшти дека се откриени сторителите и тие се сомничат дека сториле 10 кривични дела тешка кражба на дрзок начин, пет кривични дела разбојништо, две кривични дела тешка кражба со искористување на немоќ или несреќа на друг и по едно кривично дело одземање на моторно возило, тешка кражба во обид и кражба.
Покрај наведените кривични дела, за пет од малолетниците постои основано сомнение дека заедно со Р.Е. (22) од Скопје, кој престојувал во Струмица, извршиле и други шест кривични дела, едно кривично дело разбојништво, три кривични дела одземање на моторно возило и две кривични дела тешка кражба – соопшти Александра Трајанова, портпарол на СВР Струмица.
За извршените кривични дела СВР Струмица доставил известување и до Центарот за социјални работи Струмица, а за еден од малолетниците, од страна на Основен суд Струмица, е доставен упатен акт и тој бил пренесен во Воспитен дом Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.