На ден 11.04.2020 во 13.30 часот В.Т. вработен во Шумска полиција пријави дека од с.Древеник кон с.Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од Шумска полиција на лице место е излезено од страна на шумар од ЈП Национални шуми, кој ги затекнал лицата во атар на с. Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат.

Од страна на шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и ќе го документира настанот, а против сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП Национални шуми. Потоа лицата заминале од местото на настанот, а веднаш по пријавата од страна на Полициски службеници од СВР Битола било излезено на терен во атарот на с.Долно Српци, каде биле забележани лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од Д.Српци,  и М.И.(65) од Прилеп. Истите не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на  движење. Лицата беа лишени од слобода во 15.30, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.