Со употреба на сила жител од Свети Николе влегувал и крадел предмети од фабрика во овој град, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информации од таму, на 6.4.2021 полициски службеници го лишиле од слобода Н. И. (20) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело тешка кражба, извршена на 2.4.2021, при што од хала во фабрика во Свети Николе со употреба на сила влегол и одзел предмети.
Против Н. И. ќе биде поднесена кривична пријава, известува МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.