Кумановската полиција уапсила 25-годишен кумановец, кој е осомничен дека крадел апарати за домаќинство и предмети од семејна куќа во Куманово

Како што соопшти СВР Куманово, полицијата ги пронашла укредените предмети кај друго лице.

Вчера во 19:50 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р. (25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 20 септември, годинава од семејна куќа на Б.Р. на улица „Средорек“ во Куманово одзел апарати за домаќинство и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице на кое ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот. Е. Р бил приведен во полициска станица – соопштија од СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.