Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар на 4-ти овој месец на ул. „Македонија“ во Скопје го лишиле од слобода 24-годишниот скопјанец Џ.Х.
Како што соопшти МВР, тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во зграда на правно лице. Украдените предмети му биле одземени и вратени на правното лице.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.