Полициски  службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.Х.(49) од Скопје,  кој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во деловен субјект на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје.

Како што информира МВР, кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од  кривично дело и алат со кој ја извршил  кражбата.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.