Утрово околу седум часот пред поштата во село Волково, 52-годишниот З.Ц. од Скопје, кој требало да изврши достава во пошта, бил пресретнат од две непознати лица. Како што претходно објави „Република“, двајцата напаѓачи со закана со оружје од него одзеле четири торби во кои, според пријавеното, имало само чекови за пензија. Пари не се одземени.
Според новите информации од МВР, Околу 07.45 часот било пријавено дека во хала сопственост на Р.Ѓ. (46) на магистралниот пат Скопје-Блаце било оставено и опожарено возило „опел корса“, за кое по преземени мерки, било утврдено дека било користено во разбојништвото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.