Непознати крадци со години ги сечат дрвата, ги крадат, а потоа ја палат шумата во атарот на селото Грачани. Мештани велат дека лицата доаѓаат и вооружени, а во неколку наврати, како што истакнуваат, добивале и закани, објави ТВ 21.
Ова село се наоѓа на границата со Косово, но ниту граничната полиција не презема никакви дејствија.
Ќамил Арифи, еден од ретките постојани жители на селото Грачани вели дека штетата која му е предизвикана е многу голема.
Мухарем Јонузи често доаѓа во Грачани за да го посети имотот што му го оставиле предците. Тој вели дека ги затекнал крадците како вршат дива сеча, додавајќи дека е предизвикана голема штета.
Претседателот на Месната заедница Грачани, Ќенан Незири, вели дека со години ваквите случаи ги пријавуваат во полиција, но никој не презема мерки.
Жителите ги поседуваат сите пријави кои ги доставиле во полиција. Но, од МВР за ТВ21 велат дека немаат добиено никаква пријава и дека не е утврдено дека имало дива сеча на шумата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.