Полициските служби преземаат мерки за откривање и трагаат кој и зошто ги оставил се празните мртовечки ковчези, кои изминатите неколку дена на неколку локации во Гостивар.

Од гостиварското муфтијство во изјава за ТВ21 ја исклучуваат можноста ковчезите да се на лицата починати од Ковид-19, бидејќи тие се погребуваат според посебните протоколи.

Одговорен за погреб на починатите со сите верски обреди е Одборот на џамијата, на чело со верскиот службеник во одредениот регион (село или населба). Починатите од Ковид-19 се погребуваат според протоколите на надлежните државни органи. Верските одреди се вршат по погребувањето (со ковчег). Доколку не е вршено миењето и тој/таа не е починат повеќе од три дена и се гарантира дека телото стоело во комора и во текот на отворањето нема лоша миризба, тогаш тој починат се чисти и се вршат сите верски обреди. А за ковчези се грижи одговорното лице на селските гробишта, одборот на џамијата со семејството на починатиот, велат од гостиварското муфтијство.

Постојат сомнежи дека овие ковчези припаѓаат на починатите кои биле донесени од странство за да бидат погребани во Македонија и истите не биле заразени со Ковид-19 и биле закопани според верски обреди. Одборите на џамиите препорачуваат ковчезите да бидат изгорени, но во овој случај такво нешто не се случило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.