Пратеникот Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ прашува кој од врвот на власта ги штити наркобосовите од Грчец и Арачиново?
Кој е кртот, не е вистинското прашање! Акцијата е изминирана во корен, тоа не го издал некој службеник, туку висок функционер. Рибата смрди од главата! Вистинското прашање кој од врвот на власта си ги спасил извршителите од Грчец и Арачиново!? Спасовски, да не си помислил да се вадиш! 5 години си министер во МВР, ова е недозволиво! Поднесиси оставка веднаш! Оставка, затоа што се додека оваа криминална багра е на власт нема и не може да има правда.
ПС. Чекам коментар и од Љупчо Николовски Путерот, секако ако не е зафатен со
работа од 16 часа или одмор во Дубаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.