Косовски државјанин со фалсификуван пасош се обидел да влезе во Македонија преку Меѓународниот аеродром – Скопје. 41-годишниот Х.Ј. бил лишен од слобода.

За патување тој приложил македонска патна исправа на име на лице од с.Арачиново, скопско. Додека, при личен преглед и преглед на неговиот багаж била пронајдена косовската патна исправа. Х.Ј. бил предаден на  инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.