Во текот на изминатава недела, царинските службеници откриле неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено задржале дрон, автоделови, водомери, редуцири, прехранбени производи, алат, девизи, парфеми, тоалетни води и фалсификати.
4.500 швајцарски франци биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјанин кој, како пешак се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинските службеници, патникот изјавил дека со себе носи 2.000 евра, но во неговиот паричник и во џеб од неговите панталони покрај
пријавените пари, биле пронајдени и 4.500 швајцарски франци за кои не поседувал документ за потекло.
Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Дрон марка PHANTOM 4, 4 дискови за кочници за товарни возила и 4 ролни со фолија за дигитално печатење, откриени биле при контрола на македонски автобус, управуван од македонски државјанин и пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
Непријавениот дрон бил пронајден во кутија, сместена во багажниот простор на автобусот, за која возачот изјавил дека не знаел што содржи, додека дисковите за кочници и фолиите биле пронајдени во внатрешноста на 4 употребувани гуми, исто така сместени во просторот за багаж.
17 резервни делови за товарни возила (плочки за кочници, инектори и дизни), откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.
Непријавените автоделови, пронајдени во просторот за резервно тркало, помеѓу седиштатата и во преградата на возачката врата, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
21 водомер марка Turkoglu wather maters, 36 парчиња редуцири за водоводна инсталација и 100 килограми (20 канти од по 5 килограми) пиперки во павлака, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српско патничко комбе, управувано од косовски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Блаце.
На прашање на царинските службеници, патниците и возачот изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, но при извршениот преглед на возилото, во куфер сместен во багажникот, под предните седишта и зад последните седишта, биле пронајдени непријавените производи.
Истите се привремено задржани, а против еден од патниците, косовски државјанин кој се пријавил како сопственик, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
25 парфеми од марките „Versace“, „Burberry“, „Carolina Herera“, „Tom Ford“ и други и 11 тоалетни води, од 125 ml, 100 ml и 45 ml од марките „Jean Paul Gaultier“, „Hugo Boss“, „Dior“, „Emporio Armani“ и други, откриени биле од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Непријавените производи, пронајдени под задните седишта и во просторот под воланот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.