Вчера попладне во 18.45 часот на клучка Радишани-oбиколница во Скопје полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово.

При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво по член 277 од Кривичниот законик, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.