Двајца државјани на Косово вчеравечер биле приведени откако се обиделе да преминат на Граничниот премин Табановце со туѓи патни исправи.

На 16.03.2021 во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги привеле Р.В.(27) и К.А.(30), двајцата од Р.Косово, бидејќи при пасошка контрола тие дале на увид туѓи патни исправи – информираат од МВР.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.