Пронајдени се двајцата мажи за кои постои сомнение дека вчера во Ѓорче Петров пукале кон полициски службеник и го раниле.
Како што соопшти МВР, околу 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружниот тек во населба Ѓорче Петров, лице од возило „фолксваген голф“ пукало кон возило „мерцедес“, во кое бил полицискиот службеник З.Р.,кој се здобил со повреди во ногата и се упатил во Градската општа „8-ми Септември“ за укажување на помош.
Околу 19.00 часот возилото „голф“ било пронајдено, а потоа, поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени Б.В.(40) и И.Л.(38), двајцата од Косово.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неофицијално, повредениот полицаец е син на поранешниот верски лидер на ИВЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.