Ноќеска во 03:25 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Демир Капија, во координирана акција на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при Регионален центар за гранични работи Југ, од слобода биле лишени Р.О.(21), Б.Ц.(26) и К.Ф.(26), сите од Косово.

Околу 03:05 часот во близина на Гевгелија, при преземање службени дејствија, полициски службеници забележале како во комбе „форд“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Р.О., влегуваат повеќе лица мигранти. На даден знак за запирање, возилото продолжило со движење и при преземањето на дополнителни мерки за негово сопирање, патничко возило „фолксваген тигуан“ со косовски национални ознаки, во кое биле Б.Ц. и К.Ф., на автопатот ги попречувало службените полициски возила. По тунелот Јаворица од возилото „форд“ излегле лица мигранти, а возилата продолжиле со движење, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници на местото биле затекнати девет мигранти од Сирија, кои потоа се пренесени во Прифатен центар за странци во Скопје, а набргу, кај клучка Демир Капија, двете возила биле запрени и лицата во нив биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.